Лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, на митинг во Прилеп порача граѓаните да го направат изборот .
– Искористете ја оваа пригода, на 24 март победете двапати, прво победете за локалната власт, на овие локални избори ја посакувам победата во секој град, но ако негде ми се наполни душата и срцето, тоа ќе биде со победата токму во Прилеп затоа што Прилеп секогаш бил и секогаш ќе биде предвесник за сите други. Најмногу личи овде победата затоа што кога во Прилеп ќе победиш знаеш, сигурен си, дека победата доаѓа во цела Македонија. Затоа што во Прилеп излегуваме со суперкандидат, злато човек, горд сум што имаме таков човек и сигурен сум, како што ние се гордееме што го предлагаме, убеден сум дека вие уште повеќе ќе имате гордост со вашиот нов градоначалник Хари Локвенец – рече Црвенковски во Прилеп.
Тој додаде дека битката трае, дека отпорот продолжува, онака како што е договорено. Одиме до крај, одиме до конечна победа, порача лидерот на Сојузот за иднината.
Кандидатот Хари Локвенец рече дека општината ќе биде сојузник на малото стопанство.
– Нови работни места во реалниот сектор се мој врвен приоритет. Ќе основаме бизнис стартап-центар, ќе ги помагаме малите семејни бизниси и ќе основаме фонд за изготвување нови европски проекти – рече Локвенец. Тој најави дека ќе основа фонд по сто евра за секоја родилка и за секој новосклучен брак, станови за социјалци, дополнителна помош за 400 социјални семејства, ќе се градат училишта, 4 градинки, здравствени домови и центри. Капитални проекти ќе бидат микроакумулациите, инвестициите и новите работни места.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.