Јувентус и Барселона ја одбранија предноста од 2-1 од првите натпревари од осминафиналето во Лигата на шампионите и со нови победи се пласираа во кремот на европскиот клупски фудбал.
Меѓу осумтте најдобри Јувентус се проби со нов триумф против Борусија и тоа уште поубедлив од 3-0 во Дортмунд. Карлос Тевез одигра мајсторски и со два гола ги уништи надежите на милионерите и на нивните бучни навивачи во Дортмунд. Првиот гол беше вистинско ремек-дело на Карлитос, а еден погодок постигна и Алваро Мората.
Старата дама се пласира во четвртфиналето со вкупен резултат 5-1, а Барселона го елиминира Манчестер сити со две победи и со вкупни 3-1. Вечерва во Барселона беше возбудливо, иако имаше само еден погодок, тој на Ракитиќ во 31. минута. Многу шанси пропуштија играчите на каталонскиот состав, а пенал утна Агуеро во 78. минута, со што се урнаа сите надежи на Англичаните за изненадување.
Во четвртфиналето ќе играат Јувентус, Барселона, Реал Мадрид, ПСЖ, Атлетико Мадрид, Баерн, Монако и Порто.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.