| четврток, 6 декември 2018 |

Фернандо Торес не ги крие емоциите

Вчерашниот дуел против Баер Леверкузен беше дебитантски настап за Фернандо Торес за својот клуб од детството, Атлетико Мадрид.
Судбината така сакаше токму „Ел Нињо“ да биде играчот кој ќе обезбеди пласман во четвртфиналето бидејќи беше последниот стрелец од белата точка во пенал рулетот за својот тим.

– Последен пат кога бев на овој стадион на натпревар од Лигата на шампионите беше кога имав 11 години и како навивач го пратев мојот клуб. Така да овој натпревар има посебно емотивно значење за мене, можеби повеќе отколку за моите соиграчи – изјави Торес.

Сепак старата поговрка кажува, Среќата ги прати храбрите.

– Така тоа секогаш излегува. И покрај се што ќе пружите на теренот ви треба и малку повеќе среќа – заклучи Фернандо Торес.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top