| четврток, 6 декември 2018 |

Шарапова направи од готово вересија и испадна на Индијан Велс

Марија Шарапова имаше огромна предност од еден сет и брејк против Флавија Пенета и доминираше еден час, но потоа почнаа двојните сервис грешки и утките за пораз и елиминација од мастерс турнирот во Индијан Велс. Италијанката стрпливо ја чекаше шансата и ја искористи за пласман во четвртфиналето со победа од 3-6, 6-3, 6-3.

flavia-pennetta

Украинката Цуренко го направи второто мини-изненадување со елиминација на фаворизираната Еужени Бушар со триумф од 2-1 во сетови.

Во машка конкуренција сигурен чекор за пат кон титулата имаа Роџер Федерер и Рафаел Надал со победи од по 2-0 во сетови, а испадна бугарскиот тенисер Димитров со пораз од Робредо.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top