Вечерва се одиграа уште два натпревари од Лигата на шампионите. Атлетико Мадрид славеше над Баер Леверкузен со 1-0 и преку изведување на пенали дојде до четвртфиналето, додека Арсенал славеше пирова победа од 2-0 на гостувањето кај Монако.
Арсенал тргна во Монако во речиси невоможна мисија да ја анулира предноста на клубот од кнежевството која ја стекна во Лондон од 3-1.
Избраниците на Арсен Венгер од првата минута трнаа на се или ништо и ја имаа комплетната иницијатива. Се редеа шанси пред голот на Субашиќ. Трагичарот на првиот натпревар Оливие Жиру кој начисто се изнапромашува, вечерва го отвори резултатот во 36 минута за обид за останување на „Топчиите“ во најелитното натпреварување. За да се случеше тоа на Арсенал му беа потребни уште два гола. Доминацијата на гостите од Лондон продолжи и во второто полувреме. Драмата на стадионот Јуј втори доживеа кулминација во 79 минута го нововлезениот Арон Ремзи постигна гол во 79 минута на зголемување на водството на 2-0. До крајот на дуелот, Арсенал максимално притискаше во трката и за трет гол со кој ќе се избореше за четвртфинале, но не успеа во тоа.
Monaco vs Arsenal 0-2 All Goals Highlights 17… by videonuyukle
Атлетико Мадрид беше посреќен во пенал рулетот и се пласираше во четвртфиналето откако во регуларниот дел и по двете продолженија натпреварот заврши 1-0, идентично како и првиот дуел во Леверкузен кога славеше Баер.
„Јорганџиите“ успеаја да ја анулираaт предноста на Германците од првата средба уште во 27. минута од средбата. Шутираше Марио Суарез, топката го закачи Топрак и го изненади голманот Лено. Во текот на целиот натпревар Атлетико Мадрид беше подбрата екипа ја имаше иницијативата, но никако неможеше да дојде до втор гол на натпреварот кој ќе значеше и директен пласман понатаму.
Јунак на мечот сепак е младиот словенечки голман Јан Облак кој влезе во игра во 23 минута заменувајќи го Моја.
Облак успеа да го магепса својот гол во пенал-серијата успевајќи да надмудри дури тројца играчи на Баер Леверкузен. Серијата од по пет пенали заврши 3-2 откако за Атлетико промашија Раул Гарсија и Коке додека успешни беа Гризман, Суарез и Фернандо Торес. Кај „Фармацевтите“ успешно стрелаа само Ролфес и Кастро, а Калханоглу, Топрак и Кислинг не успеаја да го совладаат Облак, што значеше пат за Атлетико во меѓу најдобрите осум екипи на стариот континент.
Atletico Madrid vs Bayer Leverkusen 1-0 All… by gagan051194
Atletico Madrid vs Bayer Leverkusen 3-2 All… by EarthSavi
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)