Осум лица се повредени, а 21 се уапсени во судирите меѓу група граѓани и полицијата во градот Легоново, во близина на Варшава, соопшти денеска полската полиција.
Стотици луѓе во неделата вечерта и синоќа се собраа пред полициската станица во Легоново, за да оддадат почит на 19-годишно момче, за чија смрт граѓаните ја обвинуваат полицијата.
Тинејџерот починал во болница откако се обидел да голтне пакетче со наркотик бидејќи бил сопрен од полициска патрола.
Полицијата соопшти дека синоќа се приведени 13 луѓе, а еден полицаец е повреден од шише. Во неделата вечерта седум луѓе биле повредени, а приведени биле осуммина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Несреќа во Германија, најмалку 11 луѓе се повредени при судир на воз и камион
-
Ало, вашата ќерка е мртва: Потресни исповеди на семејствата на настраданите во верижниот судир!
-
Шестчлено семејство од Шведска доживеа сообраќајка на патот Охрид – Кичево
-
На охридскиот аеродром пристигнаа првите туристи од Варшава