Шпанската полиција заплени 55 килограми кокаин на аеродромот во Мадрид во багаж на тројца патници кои пристигнале од Перу.
Дрогата била најдена во понеделникот замотана во облека во два куфера. Меѓу уапсените има две жени и маж. Ова е една од најголемите заплени на дрога годинава на аеродромот во Мадрид. Минатата година за криумчарење дрога беа уапсени околу 400 луѓе. Шпанија се смета како една од главните точки за транзит на дрога од Јужна Америка во Европа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.