Годинешново целосно затенување на сонцето ќе биде видливо на мал дел од нашава планета. Овој, и не така редок природен феномен, ќе може да се наблљудува на просторен појас кој опфаќа повеќе водена површина на северот на Атлантикот, јавува Метеопро.мк.
Затемнувањето ќе се случи во последните часови од годинешната календарска (астрономска) зима, на 20 март, петок. Целиот настан ќе трае 4 часа и 9 минути, од 7:41 UTC до 11:50 UTC, а максималното затемнување ќе биде видливо во 11:11 по локално време во местото Барентсбург на островот Свалабард. На оваа локација целиот настан, од почеток до крај на затемнувањето, ќе трае 2 часа и 9 минути.
Во Македонија затемнувањето ќе започне во 9:38, а ќе трае до 11:55. Максималното затемнување, околу 45% покриеност, ќе се случи во 10:46 по локално време.
Повеќе на Метеопро
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)