| четврток, 6 декември 2018 |

Јувентус го договори првиот трансфер за следната сезона

Јувентус и италијанскиот репрезентативец Симоне Заза најдоа заеднички јазик за трансфер во „старата дама“.
Бјанконерите се согласни да ја платат откупната клаузула за фудбалерот на Сасуоло која изнесува 15 милиони евра и со тоа да ги решат сите недоумици каде би можел Заза да ја продолжи фудбалската кариера. Тој од следната сезона ќе заработува 2,2 милиони евра, а со останатите бониси сумата може да достигне до три милиони евра.
Заза ќе им се приклучи на Мората и Тевез во нападот, па се очекува останатите фудбалери на оваа позиција да го напуштат тимот од Торино. Матри се очекува да се врати во Милан, а Љоренте најверојатно се враќа во Шпанија бидејќи за неговите услуги се заинтересирани Севилја и Валенсија.
Во секој случај со заминувањето на Љоренте, Јувентус ќе се обиде да доведе уште еден напаѓач од светска класа, а се спомнуваат имињата на Фалкао и Кавани, но сето тоа е во доменот на шпекулациите бидејќи бјанконерите се очекува да доведат млади играчи кои ќе ги пополнат испразнетите места.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top