| четврток, 6 декември 2018 |

Џихадистите во Либија кидпанираа 15 Украинци

Припадници на либискиот огранок на џихадистичката група Исламска држава (ИД) денеска во близина на градот Сирт во источниот дел на Либија, киднапираа 15 украински државјани, кои се ослободени по неколку часа.

Како што јави ТАСС, киднапираните Украинци биле медицински лица, кои работеле во болницата „Ибн Сина“ во Сирт.

Киднпаирањето го потврди и украинското Министерство за надворешни работи, кое соопшти дека благодарејќи на „оперативните дипломатски мерки 15-те заложници од украинско потекло се ослободени уште истиот ден“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top