Специјалниот известувач на ОН за Иран, Ахмед Шахид оцени дека ситуацијата во однос на човековите права во оваа земја се влошува, откако Хасан Рохани е избран за претседател во 2013 година.
– Според мене целокупната ситуација е влошена, на што укажува бројот на извршени егзекуции, наведува Шахид.
Тој на прес-конференција во Женева нагласи дека минатата година се извршени 753 смртни казни, во споредба со 580 во 2012 година.
Шахид изразил загриженост дека во Иран се извршени многу повеќе смртни казни по глава на жител отколку во било која друга земја, а повеќе од половина се однесуваат на криминал во врска со дрога.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Нобеловата награда за мир ќе остане во рацете на Аунг Сан Си Чи, нема да и се одземе и покрај извештајот на ОН
-
Иран уапси шпиони во владата
-
ОН повика да се поднесуваат пријави за кршење на човековите права во Македонија
-
„Човекот и огнот“ во режија на Дејан Пројковски со огромни овации на фестивалот „Табризим“ во Иран


