| четврток, 6 декември 2018 |

Ле Пен побара Ибрахимовиќ веднаш да ја напушти Франција

Златан Ибрахимовиќ веројатно преостро  и пребрзо ја даде изјавата по мечот со Бордо со која ги навреди чувствата на Французите, а реакциите се најразлични.

Пари Сен Жермен загуби со 2-3 од Жирондонците, а напаѓачот на „светците“ во лутина рече: „Оваа посрана земја не заслужува клуб каков што е Пари Сен Жермен“.

ibrahimovic-povreda

Министерот за спорт во француската влада го повика Ибрахимовиќ јавно да се извини, а уште поостра беше лидерката на десницата во Франција Мари Ле Пен. Дамата која го предводи Националниот Фронт во Франција му порача на Ибракадабра веднаш да ја напушти земјата.

„Веднаш нека си оди. Не ни треба никој да ни мудрува и да не навредува“, рече Ле Пен.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top