Имате воспален грло и почнавте да земате антибиотици. По два два сфативте дека се чувстувате подобро и престанавте да земате лекови. Дали, навистина, сте погрешиле?
Традиционалното правило наложува дека терапијата треба да ја спроведете до крај бидејќи, во спротивно, преживеаните микроби ќе станат отпорно и ќе предизвикаат уште поголем здравствен проблем.
Професорката Гвендолин Гилберт од Универзитеот во Сиднеј во еден напис за магазинот „Медицински журнал на Австралија“ минатата недела истакнала дека повременото престанување на користење на антибиотиците носи минимален здравствен ризик. Телото е способно само да ги елиминира преостанатите бактерии, а антибиотиците секако го нарушуваат природниот баланс на цревната флора, тврди Гилберт.
Професорот Крис Дел од Универзитетот Бонд во Квинсленд ги потврди наводите на својата колешка и објасни дека најмногу внимание бараат случаите како туберкулоза и слични сериозни инфекции, кај кои симптомите може да се смират дури и кога колонијата бактерии цвета. Луѓето со ослабен имунолошки систем, исто така, треба доследно да се придржуваат на терапријата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.