Најдобриот тенисер на сите времиња, Швајцерот Роџер Федерер, иако има 33 години, сè уште може да игра на највисоко ниво, а тоа го докажува со второто место на АТП-листата.
Тој уште на почетокот на својата професионална кариера избрал долговечност, а не пари. Федерер можел да заработи многу повеќе ако настапувал на 30 турнири во текот на една сезона, но заедно со неговиот физиотерапевт избрале да има долга и успешна кариера.
– Причината што уште можам да играм на највисоко ниво на 33 години е затоа што не бев алчен по пари на млади години. Ова го планирав уште од времето кога ја почнував професионалната карирера. Откако почнав да соработувам со Стефан (неговиот физиотерапевт) сè што правевме беше мојата кариера да трае подолго. Можев да играм и по 30 турнири во една сезона и да заработам повеќе пари, но ја одбрав долговечноста. Кога јас бев млад тенисер, постоеја играчи како Евгени Кафелников, кој играше и по 30 турнири годишно. Јас избрав друг пат – изјави Федерер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.