| четврток, 6 декември 2018 |

Едно место во категоријата „Три ѕвезди“ секогаш е разервирано за вардарка (видео)

vardar-krim-17

 

ЖРК Вардар го одигра последниот натпревар од групната фаза во Лигата на шампионите победувајќи го во Скопје тимот на Динамо со 28-27. Веќе стана практика една од играчките на македонскиот шампион да се најде во категоријата „Три ѕвезди“, која ги избира ЕХФ ТВ.
Хрватскиот бек Андреа Пенезиќ и во ова коло е меѓу трите ѕвезди што го одбележаа колото. Таа со шест погодоци го предводеше својот тим до нова победа, која значи и пласман во четвртфиналето од Лигата на шампионите.
За наградата МВП на шестото коло на Пенезиќ ќе ѝ конкурираат голманката на Ларвик, Сандра Тофт, како и Лоис Абинг од романскиот првак Баја Маре.

Уште една вардарка беше избрана во најдобрите пет во својата категорија. Французинката на голот Амандин Лејно успеа да фати 14 топки од кои дури 10 во првото полувреме па сосека очекувано се најде во топ 5 најдобри голмански интервенции. Одбраната на Лејно е трета најдобра во ова коло и истата може да ја погледнете тука.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top