| четврток, 6 декември 2018 |

Дујшебаев, Дибиров и Штербик меѓу најдобрите во Лигата на шампионите (видео)

Покрај високиот пораз од шест голови разлика во првиот меч од осминафиналето од Лигата на шампионите, тројца вардарци се најдоа меѓу најдобите во своите категории.

Orlen Wisla Plock vs HC Vardar
Младиот шпански репрезентативец Алекс Дујшебаев беше со своите десет голови на гостувањето кај Висла Плоцк беше лидер на својот тим и сосема заслужено ЕХФ го избра во најдобриот состав. Тој го постигна и последниот гол на натпреварот и ќе се обиде заедно со своите соиграчи да ја елиминра Висла и да се пласира во четвртфиналето овој викенд во Скопје.

Тим на колото:
голман: Гонзало Перез де Варгас (Барселона), лево крило: Иван Никчевиќ (Висла), лев бек: Момир Илиќ (Веспрем), среден бек: Микел Хансен (ПСЖ), десен бек: Алекс Душебајев (Вардар), десно крило: Никлас Екберг (Кил), пивот: Ренато Сулиќ (Веспрем).

Левото крило на Вардар, Тимур Дибиров го имаше вториот најубав гол овој викенд покрај великаните Јаспер Нодесбо од Барселона, Марко Вуин од Кил, Жулијан Агинагалде од Киелце и Вилијам Акамбре од ПСЖ.

Голманот Арпад Штербик истотака се најде во една од категориите, а неговите две интервенции во ист напад на самиот почеток на натпреварот против Висла се избрани за втори.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top