Станислас Вавринка ги заврши натпреварите во калифорниската пустина, на АТП турнирот од мастерс серијата во Индијан Велс, а подобар од него беше 104-рангираниот тенисер на светската ранг-листа, Робин Хасе.
Холанѓанецот влезе во дуелот со Вавринка со биланс од 0-6 и за првпат успеа да го совлада поранешниот гранслем шампион од Мелбурн. Овојпат Робин го изненади Стен на таканаречениот петти гранслем во Индијан Велс со победа од 2-1 во сетови. За него тоа е четврта победа во кариерата против тенисер од топ-10 на светската ранг-листа.
Роџер Федерер и Рафаел Надал експресно минаа во следното коло, а интересно е што Швајцарецот ќе има шанса да му се реваншира на Андреас Сепи во следното коло, за поразот на Австралија опен на стартот од сезоната.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.