| четврток, 6 декември 2018 |

Ограбена црквата „Свети Димитрија“ во струшкото село Октиси

crkva

Непознат сторител извршил тешка кражба во црквата „Св.Димитрија“ во струшкото село Октиси и одзел четири кандила што биле поставени над иконите кај црковниот олтар.

 Кражбата, како што информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, била извршена во периодот помеѓу декември минатата година и март годинава, по претходно насилно кршење на цилиндарот од главната влезна врата на црквата од северната страна.
 
– Сторителот употребил цврст предмет со кој насилно ја оштетил металната заштитна решетка од влезната црковна врата. Откако влегол во внатрешноста на црквата, тој извршил пребарување низ црковните простории по што противправно ги одзел четирите кандила – вели Димоски.

Полициските службеници од Струга работат на расветлување на кражбата и пронаоѓање на сторителот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top