Вардар претрпе незгоден пораз од 26-32 против Висла во Плоцк, а како мала утеха се трите индивидуални признанија за Алекс Дујшебаев, Арпад Штербик и Тимур Дибиров. Малку значат, само како охрабрување пред реваншот во Скопје, каде Вардар ќе брка негатива од 6 голови разлика, ако сака да се пласира во четвртфиналето во Лигата на шампионите.
Дујшебаев постигна 10 погодоци и се најде во иделаниот состав од првите осминафинални мечеви на позицијата десен бек. Со него во стартните седум се и голманот на Барселона Гонзало Перез де Варгас, десното крило Никлас Екберг од Кил, левото крило на Висла Иван Никчевиќ, левиот бек Момир Илиќ од Веспрем, средниот бек Микел Хансен од ПСЖ и пивотот Ренато Сулиќ од Веспрем.
Штербик и Дибиров во две различни категории се најдоа на втората позиција во изборот за топ-5 што го прави ЕХФ. Штербик ја има втората најатрактивна одбрана на осминафиналната рунда, а Дибиров е творец на вториот најубав гол.
Погледнете ги двата моменти во режија на Штербик и на Дибиров.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)