Пролетта доаѓа полека, но сигурно. Утрово имаме малку до умерено облачно време, значителна облачност има во Гевгелија и во Дојран. Во повисоките места дува слаб ветер од променлив правец. Утринската температура се движи од -3 до 4 степени и тоа:
-3 Маврово и Берово, -2 Скопје-Петровец и Лазарополе, -1 Крушево, Битола и Куманово, 0 Кр. Паланка, Струмица и Претор, 1 Скопје-З.Рид, Прилеп, Кавадарци, Дебар, Д.Капија и Пожар, 2 Охрид, Тетово, Штип и Виница, 3 Гевгелија, Ѓуриште и Тополчани, 4 Дојран.
Од УХМР информираат дека во текот на денот ќе имаме сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од источен и југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб југоисточен ветер. Дневната температурата ќе достигне до 14 степени.
Утре ќе се задржи сончево време со умерена облачност. Во среда во текот на денот ќе се спушти посвежа воздушна маса од североисток, која ќе услови локални слаби врнежи од дожд, проследени со умерен северен ветер и опаѓање на дневната температура. Променливо облачно со повремен локален дожд и со умерен северен ветер ќе преовладува и во четврток. Потоа во наредните два дена облачноста ќе се намали, а дневната температура повторно ќе биде во пораст.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


