| четврток, 6 декември 2018 |

Косово нема да го гради автопатот Приштина – Скопје

За изградба на автопатот претходно треба да се приватизираат „Косовски пошти“ и „Телеком“

Доколку не се приватизира јавното претпријатие „Косовски пошти“ и „Tелеком“ (КПТ), растот на косовската економија во 2013 година ќе биде околу 3 проценти, а автопатот кон Скопје, најверојатно, нема да биде изграден, изјави денеска шефот на мисијата на ММФ  во Приштина, Јоханес Виганд.

Изјавата на Виганд доаѓа еден ден по протестите пред Министерството за економски развој во Приштина организирани од Синдикатот на КПТ, кои бараат запирање на приватизацијата. Синдикатот се закани дека ќе ги продолжи протестите доколку министерот Бесим Беќај и Владата на Косово ги игнорираат нивните барања да потпишат колективен договор. Шефот на Синдикатот на КПТ тврди дека приватизацијата е незаконска и треба да биде стопирана.

Косовската влада пред две години најави дека сака да го гради автопатот Приштина – Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top