| четврток, 6 декември 2018 |

Куманово поуспешен од Работнички

Куманово го совлада Работнички со 94:88 и се изедначи со тимот од „Градски парк“ по бројот на освоените бодови по одигрувањето на нивниот дуел од 17.коло во Првата кошаркарска лига.

Урош Луковиќ и Вукашин Мандиќ со дабл-дабл учиноци беа носители на синоќешната победа на Кумановци со искомбинирани 49 поени и 22 скока.
Кај Работнички, свој шутерски ден имаше Димитар Мираковски кој погоди 8 тројки од 10 обиди, завршувајќи го мечот со 33 поени.
Претходно, во првиот натпревар од овој круг Фени Индустри – Водњански Лисици 108:68.
На врвот на табелата МЗТ Скопје Аеродром, Работнички, Фени и Куманово имаат по 25 бода, со напомена дека МЗТ има и натпревар помалку од останатите.
Утре се игра натпревар помеѓу Кожув и Струмица, а последниот меч од колото е предвиден да се игра на 26 март, кога ќе се сретнат Карпош Соколи и МЗТ Скопје. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top