| четврток, 6 декември 2018 |

Ден на жалост во Србија и во Република Српска

Во Србија денеска е ден на жалост поради смртта на седум лица на паднатиот Воен хеликоптер кој се урна во близина на аеродромот “Никола Тесла” во Белград. Тридневната жалост е прогласена во Нови Пазар ,а ден на жалост е и во Република Српска.

Несреќата се случи во петокот доцна навечер. Транспортниот хеликоптер Ми-17 беше ангажиран во спасувањето на мало бебе, кое поради лошата здравствена состојба мораше итно да патува за Белград, но возилото на брзата помош заглави на патот меѓу Нови Пазар и Краљево, каде имаше одрони на коловозот. Бебето имаше проблеми со дишењето, а медиумите објавија дека бебето има кислород за уште еден час.

Се очекуваше дека хеликоптерот ќе слета во Белград и бебе ќе бидае транспортирани до Институтот за мајка и дете.

Но, контролната кула го загуби контактот со леталото во петок 13 мај околу 22:31 часот.

Министертвото за одбрана ги објави имињата на загинатите: Иван Миладиновиќ, Омер Мехиќ, Небојша Драјиќ Милован Ѓукариќ, Џевад Љајиќ, Мирослав Веселиновиќ и бебето на семејството Aдемовиќ

Советот на Нови Пазар Град прогласи тридневна жалост во градот. Градоначалникот Мехо Махмутовиќ, изјави за новинарите дека деновите на жалост во Нови Пазар ќе биде недела, 15 март, понеделник, 16 март и вторник 17 март.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top