Општина Делчево денешниот ден, 11 октомври го прогласи ден на жалоста по трагедијата во која животот во сообраќајна несреќа го загуби тричлено семејство.
До несреќата која се случи вчера во 15:40 часот, дошло при директен судар на патничкото возило „Фиат Пунто“ со делчевски регистерски таблички со камион натоварен со дрва со штипски регистерски таблички управуван од 56-годишниот ПГ од Штип.
На лице место загинале 32-годишниот Д.Д. кој го управувал возилото, неговата пет години помлада сопруга и нивниот двегодишен син. Несреќата се случила на магистралниот пат Кочани-Делчево кај месноста Лештаро.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.