Ракометарките на Вардар го победија Динамо Волгоград со 29-28 во последниот меч од фазата по групи и во нокаут фазата ќе играат против актуелниот европски првак Ѓер.
Со триумфот вечерва вардарки го освоија третото место во групата и ќе се судрат со второпласираната екипа на Ѓер од втората група.
Андреа Пенезиќ со 7 погодоци беше најефикасна во таборот на скопјанки, а зад неа е Германката Ања Алтхаус со 5 гола. Најдобар поединец на мечот беше голманката на Вардар, Амандин Лејно.
Кај Динамо кој го освои второто место со 11 бода, колку што има и Вардар, најдобар поединец беше Кочетова со 10 погодоци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.