| четврток, 6 декември 2018 |

Вардар подлабок од Волга по половина час

Ракометарките на Вардар водат со 15-13 против Динамо Волгоград по првото полувреме на меч од последното коло во втората фаза по групи.

На домашен терен девојките во „црвено-црни“ дресови постојано водеа во првиот дел, најмногу со 4 голови разлика, а иако имаше многу голови за 30 минути игра се истакна голманот Амандин Лејно со извонредни одбрани. Во нападот работите функционираа добро за македонскиот шампион, а во битката за второто место „црвено-црните“ ќе тргнат со предност од два гола, во последниот половина час пред нокаут фазата.

Rakomet zeni Vardar Lajpcig 16 (Custom)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top