| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе никнат нови хотели, луксузни вили и старечки дом на охридското крајбрежје

Новиот урбанистички план редвидува мотели, луксузни вили, хациенди,викенд куќи и старечки дом на брегот на Охридското езеро.

Досега две домашни компании започнаа со своите инвестиции во хотелиерството во Охрид. Едната го гради брендот Small Luxury hotel, а другата ја купи старата детска болница.

– Она што е наш приоритет значи гобален приоритет на урбанизамот е градење на хотелски комплекси а угостителско туристички комплекси кои ќе овозможат локален економски раст и развој брз развој на туризмот и креирање на нови работни места, вели Никола Бакрачески градоначалник на општина Охрид.

И Чекоштина ќе прерасне во нова приградска населба. Покрај новиот автопат ќе се градат куќи, згради и црква.-Предвиден е дел зеленило покрај авто патот сега новиот што се гради согласно Предвидени се и комерцијални објекти и угостителски објекти. Домување во семејни куќи домување во станбени згради една локација црква, вели Бранко Арнаудов раководител на сектор за урбанизам.

Деновиве во Охрид се продаде и најскапата локација во земјава. Под Плаошник во близина на Канео фирма од Скопје за 850 евра за метар квадратен од државата купи атрактивна локација за изградба на приватна куќа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top