Comme moi Le Piaf, монодрамата за животот на француската шансониерка Едит Пјаф, една од највпечатливите фигури на француската сцена, поради волшебниот глас и трагична судбинабеше изведена во кафе бар Порта џез,па битолчани имаа можност повторно да ја погледнат оваа претстава, објави телевизијата „Тера“.
Улогата на Пјаф ја игра Елена Моше, а музичката реализација е на битолчаните Фолтин.
За оваа улога Моше критичарите ја нарекуваат македонската Едит Пјаф и улога која ја одбележа нејзината театарска кариера.
Оваа претстава во режија на Наташа Поплавска.
За првпат била изведена на сцената на Битолскиот театар во 2001та година.
Елена Моше е наградена со признанието за високо актерско достигнување на фестивалот Ристо Шишков, а претставата Ле Пјаф на фестивалот во Корча- Албанија, доби специјална награда од жирито и публиката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.