| четврток, 6 декември 2018 |

Најмалку 21 загинат при бродолом во Мјанмар

мјан

Најмалку 21 лице загинаа, а 26 други се водат како исчезнати, кога ферибот со над 200 патници и членови на екипажот потона ноќеска во водите на Индискиот Океан крај западниот брег на Мјанмар.

– Имаме 21 жртва. Двајца мажи и 19 жени. Други 26 патници се исчезнати – изјави претставник на мјанмарската полиција.

Според него, досега се спасени 167 патници и членови на екипажот.

Потрагата по исчезнатите, во која се вклучени бродови на мјанмарската Воена морнарици и приватни пловни објекти, продолжува.

Според властите, сите патници на бродот биле државјани на Мјанмар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top