Најмалку 21 лице загинаа, а 26 други се водат како исчезнати, кога ферибот со над 200 патници и членови на екипажот потона ноќеска во водите на Индискиот Океан крај западниот брег на Мјанмар.
– Имаме 21 жртва. Двајца мажи и 19 жени. Други 26 патници се исчезнати – изјави претставник на мјанмарската полиција.
Според него, досега се спасени 167 патници и членови на екипажот.
Потрагата по исчезнатите, во која се вклучени бродови на мјанмарската Воена морнарици и приватни пловни објекти, продолжува.
Според властите, сите патници на бродот биле државјани на Мјанмар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Нобеловата награда за мир ќе остане во рацете на Аунг Сан Си Чи, нема да и се одземе и покрај извештајот на ОН
-
Бродолом во Колумбија, 9 туристи загинаа, 28 исчезнати (ФОТО+ВИДЕО)
-
Во Андаманското Море: Пронајдени се тела на жртви од авионската несреќа во Мјанмар
-
Се урна авион во море – уште не се знае ни чиј е, ни колку лица загинале



