| четврток, 6 декември 2018 |

Столтенберг: НАТО не планира да се меша во конфликтот во Украина

nato

Северноатланскиот пакт не планира да се меша во конфликтот во источна Украина, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

– Украина не е членка на НАТО и тоа е разликата меѓу Украина и членките на НАТО. Гарантирањето на безбедноста се однесува само за членките на Алијансата – нагласи Столтенберг во изјава за британската телевизија Скај.

Како што јави ТАСС, Столтенберг истакна дека НАТО само и пружа силна политичка поддршка и практична помош на Украина во спроведувањето на реформите во осбраната и во зголемување на нејзината способност за самоодбрана.

– Во овој момент најважно е да се спроведе Договорот од Минск за почитување на прекинот на огнот, повлекувањето на тешкото оружје од линијата на фронтот и обезбедувањето гаранции дека тоа ќе биде спроведено под мониторинг – нагласи првиот човек на НАТО.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top