Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб северен ветер. Во крајните источни делови можна е изолирана појава на краткотраен дожд.
Утринската температура ќе се движи од минус три до три, а дневната од шест до 13 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до нула, а дневната ќе се искачи до 11 степени.
Во наредните денови продолжува периодот на променливо облачно време со сончеви периоди и со услови за изолирана појава на краткотраен дожд. До вторник температурата на воздухот ќе биде во покачување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.