| четврток, 6 декември 2018 |

Во Белград уапсени киднаперите на двегодишното девојче

kidnaperi1

Српското МВР уапси тројца француски државјани осомничени дека киднапирале денеска во Белград двегодишно девојче, за кое веќе било подготвен и пасош. Уапсени М.С (1969), С.А.Г (1965) и Ш.Е.К (1989).

Девојчето е пронајдено без повреди и вратено на родителите, а осомничените ќе бидат приведени со кривична пријава до Високото јавно обвинителство во Белград, се наведува во соопштението.

Како што јави РТС, киднаперот се обидел да го префрли детето преку заштитната ограда, каде полицајци го стигнале и го уапсиле. За среќа детето не е повредено.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top