Уставниот суд на Германија донесе одлука да дозволи носење на марама со која се покрива главата доколку тоа не предизвикува прекин на училишните активности.
Според највисоката германска судска инстанца наставниците муслимани веќе не се соочуваат со забрана за носење на марами, одлука за која што се разгледува од 2003 година кога судот првично препорачал забрана за носење шамии.
Судиите на уставниот суд сместен во градот Карлсруе сега сметаат дека забраната е оправдана доколку носење на исламска марама води до „предизвикување конкретна опасност“ за пречки во училиштето или до „неутралност на државата“.
Пресудата се очекува да предизвика ново продолжение на дебатата во Германија каде што живеат околу четири милиони муслимани и каде што десетици илјади луѓе беа дел од протести против „исламизација на Европа“.
Од 2003 година неколку од 16 регионални покраини кои што имаат ингеренции во образованието забранија носење на муслимански марами по тогашната одлука на Уставниот суд на Германија. Според судот секоја од покраините треба да донесе свој закон за ова прашање во кој што Христијанските вредности не смеат да бидат во повластена позиција во однос на другите религии.
Втората највлијателна членка на ЕУ, Франција, каде што живеат околу шест милиони муслимани во 2004 година донесе забрана за носење на шамии или други религиозни симмболи во државните училишта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.