Уредниците на магазинот „Глобал финанс“ во соработка со индустриски аналитичари, директори на корпорации и технолошки експерти, а врз основа на критериумите пораст на актива, профитабилност, стратегиски односи, услуги за клиенти, конкурентни услови и иновативни производи, го направија изборот на најдобри банки во 22 земји во развој од Централна и Источна Европа за 2013 година.
Наградата за „Најдобра банка во Македонија за 2013 година“ магазинот „Глобал финанс“ и ја додели на Комерцијална банка АД Скопје. Комерцијална банка десет години по ред носител на наградата за „Најдобра банка во Република Македонија“ доделена од овој магазин.
Оваа награда претставува уште една потврда за нашата силна домашна и меѓународна репутација и потврда за нашиот успех, кој воедно е и успех на нашите клиенти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.