Во малото италијанско село Капракота паднале 256 сантиметри снег во еден ден, со што е создаен нов светски рекорд.
Сместено во средна Италија, Капаркота лежи на 1.421 метар надморска височина, а за само 18 часа паднале 256 сантиметри во еден ден. Во соседното село Пескокостанца на 5 март за помалку од 24 часа паднале 240 сантимнетри снег.
Со ова е урнат рекордот од 1921 година кога на Сребрено Езеро, во Колоради, во април паднале 193 сантиметри снег во еден ден.
– Тоа беше спектакл кој ни го одзеде здивот. Во некои делови снегот изгледаше како висок бел ѕид. Беше напорно, но сите се здруживме за да им помогнеме на старите кои не можеа да излезат од своите домови за да добијат храна и потребни лекови – изјавил Антонио Монако, начелник на местото.
На чистачите на снегот им било тешко да се пробијат низ пластовите снег, а многумина со лопати правеле тунели за да ископаат излези од своите домови. Некои куќи буквално останале затрупани во снежното невреме.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)