Во вторник, (17.03.), во Македонската опера и балет, ќе биде изведена репризната изведба на операта „Адријана Лекуврер“ од Франческо Чилеа. Се работи за најизведуваното дело од овој автор, а во подготовката на премиерата, учествуваше интернационална екипа. Режисер е Енрико Кастиљоне, диригент, Стефано Романи, двајцата од Италија. Сценограф е Александар Златовиќ, костимограф е Весна Радовиќ, од Србија. Кореограф е Олга Панго. Изведувачкиот дел од екипата на репризата го сочинуваат: Сандра Митровска, во насловната улога. Маурицио (тенор) – Иван Момиров (Бугарија), Принцеза де Бујон (мецосопран) – Марика Поповиќ, Принц де Бујон (бас) – Александар Стефановски, Игуменот од Шазеј (тенор) – Јане Дунимаглоски, Мишоне, менаџер на сцена (баритон) – Марјан Јованоски, Госпоѓица Жувено (сопран) -Биљана Јосифов, Госпоѓица Данжевил (мецосопран) – Николина Јаневска, Поисо (Риба) (тенор) – Никола Стојчески, Кино (бас) – Диме Петров, Мајор (тенор) – Зоран Данилов.
Учествуваат оркестарот, хорот и балетскиот ансамбл на Македонската опера и балет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.