Сите што досега не поднеле годишна даночна пријава за персонален данок на доход, ќе може да го направат тоа и в понеделник. Управата за јавни приходи информира дека поради тоа што 15 март, до кога треба да се пријави персоналецот, паѓа во неработен ден, пријави ќе примаат и на 16 март.
Регионалните дирекции и даночните одделенија ќе работат и в сабота до 14 часот.Веќе од вторник 17 март ќе можат да се поднесуваат и исправки на поднесените годишни даночни пријави за персонален данок на доход.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.