| четврток, 6 декември 2018 |

Пандев: Белгија е фаворит, но и ние имаме свои адути

Горан Пандев ја цени репрезентацијата на Белгија, но вели дека Македонија има сили за добар резултат, со поdдршка на публиката на националната арена „Филип Втори“.

– Белгија е фаворит и една од најдобрите европски селекции, но ние имаме сили да ги изненадиме. Треба да се искористи одличната атмосфера која владее во репрезентацијата. Имаме три едноподруго победи, но не треба да нѐ зафати некоја нагласена еуфорија. Треба да си ја играме нашата игра и ние си имаме свои адути. Сигурно ќе треба многу трчање, борба, залагање, но ќе бидеме подготвени  вели Пандев.
Македонскиот селектор Чедомир Јаневски долго живее во Белгија и на мегдан му доаѓаат „неговите“. Добро ги познава менталитетот и репрезентативците на Белгија, а вели дека се многу силни, со по две-три решенија на секоја позиција.
– Кој и да игра за Белгија нема да има промени во нивниот стил. Долго се без пласман на големите натпреварувања, ми се чини од 2000 година и сигурно посакуваат да го прекинат постот и да играат во Бразил. Фаворити се, ова за нив е круцијален меч и сигурно сакаат да ги освојат бодовите. Ние имаме одлична атмосфера, фудбалерите сериозно ги сфатија обврските и имаат желба да направат нов чекор напред. Јас не сакам да правам калкулации со бодовите, но секогаш барам да се оди на победа – рече Јаневски.
Белгијците утре ќе допатуваат во Скопје, на само еден ден од почетокот на натптреварот, кој е закажан за в петок во 20.45 часот. Во експедицијата на гостите се и 26 новинари, што покажува колку им значи средбата против Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top