| четврток, 6 декември 2018 |

Притвор за велешки педофил, нападнал 12-годишно момче

Триесетдневен притвор и кривична пријава доби четириесет и седумгодишен велешанец, кој се обидел да силува 12-годишно дете.

Осомничениот и жртвата биле соседи. Пријавениот педофил во понеделникот го повикал детето да го повози со неговиот автомобил. Дванаесетгодишното момче, не соменвајќи се во намерите на соседот влегол во возилото, а педофилот, пак, веднаш ги заклучил вратите и почнал да го допира и соблекува.

Детето се спротивставило, пружило отпор и се обидело да бара помош, а неговите врисокци и удари биле доволно педофилот да се откаже во намерата. Го вратил детето во близина на неговиот дом и му се заканил за да го исплаши и да го спречи да каже што се случило.

Сепак детето веднаш им раскажало на своите родители за пеколот низ кој минал, а тие пак веднаш го пријавиле соседот педофил во полициската станица.

Од Јавното Обвинителство соопштија дека против осомничениот е поднесена кривична пријава за полов напад врз дете кое не наполнило 14 години а судија на претходна постапка му одредил триесетдневен притвор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top