| четврток, 6 декември 2018 |

Бајруш Мјаку ќе учествува на фестивал за монодрама во Монголија

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Претставата „Сократова одбрана“ од Платон, во режија на Дритеро Касапи и Дино Мустафиќ, и Бајруш Мјаку во улога на Сократ, од 22 до 26 март ќе учествува на фестивалот на монодрама „Света муза“ во Уланбатро, Монголија.

На фестивалот ќе учествуваат 10 претстави од Монголија и од други држави низ светот, учеството на овој фестивал е со поддршка од Министерството за култура на Македонија.

Ова гостување се вклопува во прославата на 40-годишнината на професионалната театарска работа на актерот Бајруш Мјаку.

Претставата „Сократова одбрана“ досега учествувала на повеќе меѓународни театарски фестивали во Бугарија, Шведска, Србија, Косово, Молдавија…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top