Македонија и Бугарија имаат интерес од продлабочување на економската соработка, оценија присутните на форумот што се одржува во Софија, а на кој присуствуваат околу 30 компании од Македонија и повеќе од 60 од Бугарија.
Форумот го организира Бугарската стопанска комора, во соработка со Стопанската комора на Македонија, Македонско-бугарската стопанска комора и Амбасадата на Бугарија во Македонија.
Извршниот директор на Стопанската комора на Македонија, Јелисавета Георгиева, истакна дека Македонија е заинтересирана за продлабочување на соработката со Бугарија.
Заменик-директорот на Бугарската агенција за инвестиции, Маџиде Ахмедова. истакна дека Бугарија сака да го зголеми обемот на македонските инвестиции во Бугарија и им порача на претставниците на бизнис-заедницата од Македонија да побарааат помош од Агенцијата.
Агенцијата, како што посочи Георги Алипиев, главен експерт во оваа институција, ќе биде постојан партнер на бизнисите во реализација на инвестициските проекти.
Како аргументи за изборот на државата како инвестициска дестинација експертот ги подвлече политичката и макроекономската стабилност, пристапот до пазарите на ЕУ, договорот за слободна трговија со Русија, Турција и Блискиот Исток, образованата, квалификувана и мотивирана работна сила, законските стимулации за инвеститорите, најниските даноноци. Експрерот напомена дека од 1996 до 2014 година 43 милијарди евра се инвестирани во државата.
Тој цитираше податоците, според кои трговската размена меѓу двете држави е над 600 милиони евра и дека Македонија е во топ 20-те трговски партнери на Бугарија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.