| четврток, 6 декември 2018 |

„Агрокор“ ја демантира СДСМ за заканите од власта

Хрватската компанија „Агрокор“ со демант до СДСМ ги негира тврдењата изнесени на трибината на најголемата опозициска партија одржана во Универзала сала, за наводни закани на власта кон „Агрокор“.

Демантот до СДСМ стигна директно од хрватската компанија, која вели дека немало никакви притисоци кон претставници на оваа компанија, со што целосно се разобличени изнесените обвинувања.

– Вo врскa сo вaшетo прaшaње и трaнскриптoт, ве уверувaме декa немaме вaкви инфoрмaции и кaкви билo непријaтнoсти – велат од „Агрокор“.

Со овој демант, „Агрокор“ јасно става до знаење дека никој не правел притисоци врз претставници на оваа компанија, со што целосно паѓаат во вода обидите на СДСМ да прикаже дека власта вршела притисок на странски инвеститори, во случајов „Агрокор“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top