Хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ нагласува дека е згрозена и дека за неа Агрокор сега е малоto колонијалче кое се наоѓа под нејзиниот стан. Одговорноста за судбината на хрватскиот концерн Агрокор сега ја сноси старата Управа, додава таа.
-Морам да кажам дека сум згрозена. За мене Агрокор претставува едно мало продавниче кое се наоѓа под мојот стан- вели таа, додавајќи дека не разбира „кога во ситуација кога луѓето стравуваат за својот живот, иднината на својот работен век, кога не можете да им платите на снабдувачите, кога можете да предизвикате ефект на пад на работата на снабдувачите, како и натаму можете да живеете во луксузни услови во некаков дворец“.Колинда Грабар Китаровиќ оцени дека тоа е апсолутно „неприфатливо и неморално“.
Шефот на Агрокор, Ивица Тодориќ со семејството живеат во палатата Кулмер во луксузниот дел на Загреб.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.