| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија на 108. место на најновата ФИФА ранг-листа

Македонската фудбалска репрезентација назадуваше за четири позиции на мартовската ранг-листа на ФИФА и сега се наоѓа на 108. место што е еден од најлабите пласмани на нашата репрезентација од осамостојувањето на државата.

Националниот тим, со 308 бода, на денеска објавената мартовска листа назадуваше за четири позиции, сместувајќи се и зад селекции како Фарските острови (105.место), Боцвана, Доминиканската република…

Од репрезентаиите кои се во нашата група за квалификациите за ЕП 2016 само Луксембург е полошопласиран на 136. место, Белорусија напредуваше за три места и сега се наоѓа на 98. позиција, Шпанија испадна од првата десетка и сега е единаесетта, додека Словачка остана на 22. позиција, а Украина е 31-ва.

На врвот на ФИФА листата, Германија и натаму е на челната позиција пред Аргентина, Колумбија, Белгија, Холандија и Бразил. Понатаму следат Португалија, Франција, Уругвај и Италија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top