Американскиот претседател Барак Обама ги продолжи за уште една година политичките и економските снакции против Иран, соопшти Белата куќа.
Во согласност со американските закони претседателот за оваа одлука ги извести лидерите на Конгресот.
Во писмото испратено до раководството на Сенатот и на Претставничкиот дом се посочува дека претседател го продолжува за уште една година режимот на вонредна состојба во однос на Иран, воспоставен пред 20 години, во март 1995 година. Указот потпишан од тогашниот 42. претседател на САД Бил Клинтон предвидува воведување серија санкции против Иран.
Едностраните американски санкции беа дополнети од меѓународни, вклучувајќи ги и тие што ги усвои Советот за безбедност на Обединетите нации поради нарушувањето на Техеран на неговите обврски во областа на неширење нуклеарно оружје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.