| четврток, 6 декември 2018 |

Над 500 борци на Боко Харам се убиени во Нигер

Најмалку 500 борци на нигериската исламистичка група Боко Харам се убиени во воените операции во источен Нигер, пренесоа американските медиуми, повукувајќи се на претставник на локалната полиција.

До овој момент има податоци за 513 ликвидирани екстремисти. Во оваа бројка не се земени предвид операциите по воздух и копно, преземени во неделата од армиите на Нигер и Чад во Нигерија.

Во операциите биле убиени 24 и ранети 38 нигерски војници.

Во регионот е прогласена вонредна состојба и таа ќе биде продолжена за три месеца поради неопходноста од уште воени офанзиви.

Операциите, што беа преземни во последно време, бележат остра
ескалација во дејствувањата на африканските земји против Боко Харам. Овој жесток воен одговор се регистрира на приближно шест години откако групата почна со својата вооружена кампања во Нигерија, забележаа американските медиуми.

Претходно годинава нигериските исламисти почнаа да изведуваат напади и во соседните земји Камерун, Нигер и Чад.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top