| четврток, 6 декември 2018 |

Дали Заев се закани врз сведокот и неговото внуче?

Зоран Заев, струмичкиот градоначалник, во закрила на позицијата „лидер на опозицијата“, си дозволува јавно да оцрнува, да се заканува и да повикува на јавен линч за секој оној кој нема да му оди по волја. Заев вчера, соочен со ново дело, за барање поткуп, за кое МВР посочи дека го има како документирано, од сцена јавно се закани на струмички бизнисмен и на неговото семејство.

Заев притоа без никаква препрека, повторно под заштитниот плашт на „лидер на опозицијата“ пред партиските војници, ги призна контактите со лице поврзано со поткуп, призна дека за делото „му било јавено од патриоти“, но и без никаква стега призна дека телефонски му се заканувал на бизнисменот, за потоа јавно да му го објави семејното име,  не пазејќи ниту на децата.

– Денеска му се јавив на бизнисменот и му реков „како не ти е срам, дедо си внуче имаш “- призна Заев.

Се поставуваат прашањата дали тоа што е лидер на опозицијата, како што сака да се претставува Заев, му дава одврзани раце за потполно самоволие, имунитет од секаква одговорност, можност да „гази“ преку достоинството врз секој кој нема да му ги исполни волјата и барањата, да нарушува судски процеси, па и да му остава можност да се заканува,  да оцрнува и да повикува на линч врз граѓани, бизнисмени, цели семејства? Дали, не дај боже, ако нешто се случи нешто лошо, дали Заев тогаш ќе сноси последици? Постои ли право и одговорност кои се над плаштот на Заев и неговите извршители?

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top