| четврток, 6 декември 2018 |

Шампионски кенгури на гости во Македонија

Актуелниот азиски шампион Австралија во најсилен состав и со 18 играчи што го освоија континеталниот куп ќе и гостува на фудбалската репрезентација на Македонија, во Скопје на пријателски меч што ќе се игра на 30. март. Гледачите на националната арена „Филип втори“ ќе имаат можност да гледаат фудбалери од висока класа и од калибар на еден Тим Кејхил, Миле Јединак, Џејсон Дејвидсон, Масимо Луонго…..

Популарните кенгури по пауза од цели 18 години повторно доаѓаат во Македонија, а не победија со 1-0 во единствениот досегашен меѓусебен меч одигран во 1997 година.

aus

За избраниците на Бошко Ѓуровски ова ќе биде одлична контрола на квалитетот со силна селекција, која е континентален шампион. Интересно е што со Австралија ќе играме само 3 дена по квалификацискиот дуел против Белорусија за настап на ЕП 2016 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top