| четврток, 6 декември 2018 |

По грешка: Дрогата денеска е легална во Ирска

107948-3x2-940x627

Во следните 24 часа поседување дрога во Ирска ќе биде легално, поради грешка во законските акти.

Ова не се однесува на супстанци како хероин, кокаин и канабис, кои и понатаму се забранети.

Правниот вакуум настанал поради судска одлука со која не важи еден дел од законот стар 40 години и доведе до неверојатна ситуација во која екстази, кетамин и „магичните печурки“ стнаа потполно легални во Република Ирска.

Исто така, иако до четврток е дозволено поседување на некои дроги, нивното производство и ставање во промет и понатаму се третира како кривично дело.

До „легализација“ дошло по пресудата на Апелацискиот суд, кој утврди дека дел од Законот за злоупотреба на дрога од 1977 година е неуставен.

Како што е утврдено, одредени членови вметнати во законот се спротивни на уставот, бидејќи министрите не се консултирале со парламентот. Затоа, тие членови во следните 24 часа ќе бидат неважечки и без разлика што парламенот на Ирска свика итна седница, новиот закон може да стапи на сила дури 24 часа по неговото гласање.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top